„Скапоцена, не поскапувај (ДДВ Љуб%в)“

Им кажав дека сакам цигари,
ми ги поскапија цигарите.
Потоа им признав дека сакам алкохол.
И алкохолот доби повисока цена.
Затоа не им кажувам ништо за тебе
не им кажувам дека те сакам,
не кажувам ни збор.
Ако дознаат, ќе ти стават акциза,
повисока цена, данок на додадена вредност
кој е само мое задоволство и мој избор.
Не ти кажувам ниту тебе,
дека ако си дрога ќе сум наркоман
теорија нема да дознаеш
дека би те пиел дениноќ со сласт.
Ако ова го знаеш,
и ти ќе се однесуваш
како да си на власт.

п.с. Не сакам бензин, да не ме пцуете за џабе.


Секогаш ќе се враќам тука

Секогаш ќе се враќам тука.

Кај Лихнида, кај Билјана,
кај Емо и Застава,
кај Џез Ин, Стариот Чинар,
кај Канео и Градиште,
Свети Наум и Грашница,
кај дримот низ езерото
и брановите кои на убав ветер
играат како на карневал во Рио
и се пенат најгоре
се свиваат во модрило,
а на врвот имаат бела трага,
како на врвот да им сурфа душата на сите
туристи од рајот
кој чекале ред од една наша вечност
за да се вратат тука
во нивно време колку моментот
во кој тропкаат два пати со прсти
како кога викаш по армоникашот
да се свие лесно кон тебе за да му шепнеш
дека сакаш да ја видиш,
чуеш, допреш, помирисаш
и таква да ја оставиш во езерото
со мирни бранови
како тивко си ја пее Билјана
а ти сакаш да ја пееш Лихнида.
Сакаш да пееш со Лихнида.
Душата да си одмориш.

Секогаш ќе се враќам тука,
кај неа. Кај Езерото.
Кај душите на избеганите од рајот.


Сакам

Сакам да цртам во глуво доба
сакам да ти ја нацртам спалната соба
без мерење, од извиџење
по сеќавање од овој или од некој
од прошлите животи
па сакам да се нацртам и јас на креветот до тебе
жалим случај, така е по проект одобрен од општина
експертите препорачуваат да сум точно тука
до тебе. Види, има и печат
и не ми е гајле другите што ќе речат.
Научно е докажано дека овие двајца
еден со друг ќе се лечат.

Сакам да седнам на тераса навечер во седум
моменти откако планетата се истуширала и коса си суши
сакам да запалам цигаре не кога мислам дека треба
туку кога ми се пуши
сакам да јадам доволно и слатко
а не колку што збира во чинијата голема
како Гоби и Такламакан.
Кога има благ ветер, да трчам сакам,
сам, дури во глава ми свири концерт на Спрингстин
сакам да пеам како него, ко секој настап да ми е последен
не сакам да сум прв, сакам да сум еден.

Сакам да читам книга
Сакам да сум истетовиран на твоите очни капаци
меѓу два мига
сакам да ме прекоруваш кога во кафана ждригам
сакам да одам без да знам каде стигам.
Сакам ракија, сакам од тебе тахикардија
сакам секс во авион
и четири раце на највисокиот лампион
сакам чорба со многу лук
сакам борба на степски вук
ко во роман на Хесе,
само сакам да сме она
што сите други не се.

Сакам инфузија во вена да ми ставаш,
сакам да лежам ко фетус кога крв ми даваш,
да те гледам и да ти се смеам
„еј, будалче, не паничи, нема да умрам“
сакам да легнеш место мене и над тебе да бдеам
сакам да сме иста крвна група
сакам да сме си пишеле пораки
во различни смени, на иста клупа.
Сакам да ме сониш
сакам низ мисли да ти талкам,
сакам кога збориш
кога молчиш сакам.

Сакам и те сакам
и сакам многу,
само варени полжави
и шарени лаги
не сакам
фала Богу.


„Не плачи Мона Лизо, не жали (цицките не ти се мали)“

Ќе требит да измислиме ново име за љубов
нов знак за срце наместо помало и тројка
нова боја за „Те сакам“

Ова веќе не го биват, с’клет и уфунет фаќат
љубовта стана толку искомерцијализирана
прекористена, брат
што ме потсеќат на Ајфелова кула во Вегас
иста е како Мона Лиза залепена на бомбоњера
запрашена на некој рафт во Тузла
Да, ко ќе застаниш во Лувр пред оригиналот
пак ќе смрзниш од убавина
момент пред крвта да почнит да ти мирисат
на бомбоната со рум
возбудата ќе ја надојдит Месечината
плунката во усната празнина
ќе влезит во осека и ќе те преплавит
па ќе морат да најдиш бомбонче
во нула време да се спојш со делот шо ти фалит
лувр терат на јадење
лувр продават
кога светлата ќе се угасат
мона лиза ќе останит сама
ќе ја тргнит периката,
ќе и се видит белата коса и збрчканото лице
па ќе легнит да одморит и да сонвит за него
да слизнит солза како Богородица во црква
ама никој не ја гледат Мона Лиза навечер
за да прогласит чудо
солза за авторот и неговите милувања со четка
илјадниците бессони ноќи
кои ги минале заедно
Џоконда и Да Винчи
под свеќите на неговото поткровје
ќе пуштит солза
за љубовта нивна и за заветот да останит дури
не се угасит последната ѕвезда
да живејт и да сведочит
со загадочна насмевка
одговарајќи му на секој кој ќе застанит пред сликата
и ќе помислит: Имат ли вечност?

Ама љубовта е некогаш како црна дупка,
и едниот се претопвит во другиот
па за третиот и четвртиот
остануваат бомбончињата од тузла
и сета делузија на покачениот шеќер.
Лувр е музеј
и јас сум музеј
и ти си музеј.
А ако ти здосадит Лувр
а ко ќе ти здосадит Лувр
стално мојш да ојш во близина
на Ајфеловата кула
во Вегас.
Од неа можело да ја видиш
Кеопсовата пирамида
и Венеција.

Јас? Јас ќе бидам тука некаде,
во близина, до неа
измислувајќи нов збор за љубов
цртајќи нова слика за вечност,
пишувајќи нова песна за Те сакам.

Дури таа не се насмејт пак.


Ти увек беше трезна

Сум рекол те-сакам милион пати
сум рекол ми-требаш на 48 рати
ал сум бил дрво пијан, не ко тебе…
…ти увек беше трезна.

Сум врбуел жени со зборови разни
увек стоејќи на граница со сказни
ал сум бил штикла сломен, не ко тебе…
…ти увек беше трезна.

Сум будел заспаници во мугри бели
шо сум им зборел и ден денес незнам
ал сум бил земја ваздух, не ко тебе…
…ти увек беше трезна.

Сум пеел на сцени, сум драпал жени
со пивски очила и дух на сто хиени
ал сум бил во стратосфера, не ко тебе бејбе…
…ти увек беше трезна.

И нема песна за тебе, па измишљам нови
во уста те гаѓам, ти пргава мала
во твојот океан мојот брод уште плови
сеуште барајќи луцида интервала
ко оној пат кога свесно и лесно
ко персиски гласник ме фрли во бездна
јас пиев и лажев, а ти ми рече „те сакам“,

пичко, ти увек беше трезна…

 

Посветена на законот за алкохол и најлошиот вид на луѓе кои лажат на трезно.
Живели.

//Скопје, 29.05.2009


Вечерва можам да напишам зборови потажни од оние на Неруда

Пак исто. Скроз исто.
Чепкав кај шо не требит
чачкав кај шо не морат
и пак ме фати струја
па ми го угаси светлото од скапите лустери
па запалив свеќа,
и како пират во пештера
во која велат дека има богатство
започнав да барам
нешто, било што…
Фен, мармалад, беџ, енитинг.
И пронајдов, да, открив,
открив дека вечерва можам да напишам зборови
уште потажни него Пабло Неруда на времето
Далеку потажни, ехе, потажни за машала
Далеку потажни колку Аргентина и Чиле и Норвешка далеку
знам дека Норвешка е поблиску, ама звучит далечно
како шо Макао звучит познато
како заедничка песна познато
како парфем, како тен
како кисела насмевка
како „не сум спремен наставничке, може нареден час?” познато

Абе,
Јулија да ги знајт зборојте кои можам да ги напишам за тебе вечерва
Јулија со презиме Капулети лична карта издадена на ден тој и тој
во МВР Верона по редовна постапка молим лепо
ќе му речит на онај кутар нејзин залижан во косата удварач
„О Ромео, ма зошчо си Ромео, за такво не те биват,
види се каков си на шо личиш, о глуп,
зошчо не ме сакаш ко Бетмен неја, зш?”
па ќе ме побарат на фејсбук и ќе ми пратит френд риквест
ќе ги отворит сликите и немат да те видит на ниту една
и ќе си напрајт „Јес” со стисната тупаница на лева рака, радост за една секунда
опасна е Јулија, кај и да е ќе ме опулит во очиве
посебно сега зш сум здебелен
и стомаков не ми е за покажвење
и ќе те видит на секоја слика
на секоја од нашите слики
закатанчени во невидливите албуми шо ги чистам два-три пати годишно
за да подишам прашина
и да бидам сјебан
на посебно перверзен убав начин
и сјебана ќе е Јулија, немат да знајт зш
само ќе имат чувство дека немојт да ме имат
па ќе излезит на тераса
ќе си фатит еден прамен од косата и ќе го виткат
рамнодушно и бледо гледајќи нагоре
дури Ромео долу со тамбураши и ја пејт
Свит чајлд оф мајн од ге-дур
а таја потпрена со рацете на ограда
ќе се опулит во месечината, жолта, полна
кимајќи со главата механички кон Ромео
мислејќи на Месецот, на љубовта како од книги
и дали нејзината замислена љубов би можела да се напишит во книга
гледајќи во Месечината и замислувајќи не’ мене и неа
како се возиме со кајче Свети Наум кај изворине
јас со цигаре во уста и морнарска маица
веслам, а Јуле спремат сендвичи со марула, патлиџан,
мајонез, царска печеница и мешан осоговски
мирисот на свежо езеро, сендвич и плава пеесседмица
се мешат со реата од лесковачка скара
шо ја нарачал Ромео пресреќен дека си фатил женска
а тажна е Јулија
тажничка би бил поубав збор, попрецизен
кога имаш отсутен поглед
не слушаш ништо околу тебе, гледаш кон Месечината

ако се загледаш многу длабоко
мојш да видиш кај стојт камера и ја чекат ѕвездата да излезит
од лименката со америчко знаме
нему не му се мрдат, абе око не му се склопува
oсамeн и депримиран е и Нил
а и како не би бил
ако ги слушнит зборојте шо можам да ги напишам за тебе вечерва
по пат дури е во Аполо 11 со мисија да се измочат на Месечина
како куче на ногарка од маса за пикник за први мај, како гушкање со нозе,
преклопвење на бутови со ковалентна врска
замисли дури патуват Нил конквистадорот
листајќи списанија
да налетат на нив
на најтажните зборови во историјата на светот и пошироко
меѓу неделниот хороскоп за трета недела од јули 1969 и крстозбор со слика од Марлон Брандо
да видит со очи како те опишувам тебе
и мирот кој ми го даваш додека мијам садови
во неделно попладне
и ѕвечкањето на кинескиот кристал
ми е како шумење на лисја во шума покрај езеро некаде пред Ласа
да го видит то Нил ќе се депримират,
како да промашил пенал во финале на лига на шампиони
како да , како да промашил излез од автопат а наредниот е за 120 километри,
како да промашил да се родит 5 месеци порано и да е во иста смена со тебе,
а не да си постара цел живот
не му се мрдат,
„ајде излези бе копук, 34 години цела планета немат сменато канал,
чекат да стапниш на Месечината мајкуму стара, ајде!”
а Нил сејт и велит: „не.. не… НЕ…. НЕ!
Она не било Едвине, не-би-ло. Не ми се дишит, не ми се мрдат,
ништо не ми се прајт, сеедно ми е, ме утепаа зборовите негови
најтажните зборови, потажни од оние на Неруда
знаеш Баз, уствари, сум ја сакал
и ја сакам и ја немам и ко да сакам да ја немам
бидејќи секогаш кога ја имам ја немам јас
и го немам нас и ги нема ние
туку таа мене
а се нема себе…”
Месечината е нечепната,
од најтажните зборови кои можам да ги напишам вечерва.
Потажни од оние на Неруда.

А некаде во Мисури
се гаси еден телевизор со фиксираниот замрзнат кадар
од површината на Земјиниот сателит.
Ко ЕИ Ниш ама амерички.
Се слуша старинско хрчење.
Далечинското на масичка го спушта
внуката на бабичката заспана на каучот
на која секој ден пред да се разбуди
и’ ја пушта снимената лента
од симнувањето на нејзиниот најмил
на Месечината
од слетувањето до неколку моменти пред да
експлодира Аполо 11.
Секој ден малечката се плаши
дека баба и’ ќе остане будна предолго
и ќе го види погибјето на љубовта
претворањето на нејзиниот сакан
во ѕвездена прашина
снимено на тв
издадено на двд
емитувано во кино сали
умирањето на љубовта
вреди пари.
Надежта нема цена.

Вечерва можам Бетовен да го расплачам
ко мало дете
и да ги земит зборојте од песните на Неруда
па да ги стајт во Ода на Радоста
и светов Нобел за среќа да му дајт
вечерва,
вечерва можам да го натерам
калуѓерот да не го продават ферарито
туку и да си купит харли дејвидсон и да проповедат дека Сантана е бог
можам да напрам и Стоичков со Германија на Светско 94-та
слободниот за 2-1 да не го изведит
јас само ќе седам на трибините позади голот
и ќе го погледнам
а тој ќе ја шутнит топката во гол аут
и на англиски ќе речит
„ај мамката мрсна од каде ве тој мрсник во трибините дааебам мамката,
ебал си веко со тава тажните думи даае”
Можам од ластовица гугутка да напрам
ако и шепнам само
„псс, еј, абе оди и посери и се
на колата
од мене
за моја љубов,
ај птица, биди чоек”

Вечерва можам да ги напишам најтажните зборови
на пример, можам да напишам дека секогаш кога ќе ја гушнам ме фаќат струја, палам свеќа,
и си го наоѓам моето место на светов
место кое не се гледат никако поинаку
само ко ќе имам свеќа во раце
запалена од бренерот кој го кријат
зад убајте цицки.
4 секунди подоцна ми праќат цунами
за да ја угасит свеќата
и све шо мојт околу неа.
„Шо виде-виде, сеа пак ќе е малку така, темно.”
Можам да напишам и дека ми ја реанимират тагичката
ја будит, за рака ја влечит,
„ајде бе стани, ајде, ептен се улежа овој нашиов
дај малку да го избедираме
да оживит малку
да е тажен ама жив
наместо насмеан и лажно весел
плус глеај како се здебелил
глумит дека му е убо
клошар
кај мојт тој без мене?”
Можам и да напишам дека уживам во то.
Во екстазата која ми ја носит тагата.
И дека тажен по тебе
сум посреќен од најсреќен
без тебе.
Па Неруда да ми се јавит на мобилен и да ми речит
„Ало бе дечко, па дали ти добро живиш да му ебем матер,
земи работи нешто не туку се клошари, остај ми ги зборојте на мира,
јебо те нобел за литература јеботе”
Ништо немат да му одговорам. Ќе ми спуштит.
Ќе ми се јавит пак за 12 минути. Пак ќе молчам.
На трет пат со плачење ко ќе се јавит
со молење да не измислувам поголема тага од неговата
ќе му речам: „ваааажи бе, бива, стари, нема прооооблем”
и ќе му ја покажам твојата слика
и ќе му речам
„Мајкина ти, шо требит да прам со ова а?
Шо требит?
Да и’ се радвам?”
и ќе му ја фрљам книшката за греој на поени
да не ми пишит казна
туку да ми запишит колку си коштат казната во поени
да соберам сто шо побрзо
па да преполагам за дозвола пак.
Сакам кога ми те забрануваат.

Вечерва стварно можам у пичку матер тажни работи да напишам,
најтажни досега шо си ги прочитала,
толку тажни шо би те растажиле и тебе.
А не сакам да те растажам тебе.
И немат да пишам ништо.
На улица ко ќе се видиме ќе си кимниме со глава.
Родендени преку трети ќе си честитаме.
И 2-3 пати годишно ќе имаме вакви денови
со вакви ноќи
во кои можеме да ги напишеме
најтажните стихови
а не го правиме тоа.
Колку и да ни е убава тагата.
Затоа што ни е убава тагата.


„Извините госпоџо ме нема на избирачки список – Исус“

Да ти кажам од одма.
Сакам да победит Жерновски,
па пак да имат прегласување наредна недела,
па пак да победит,
па пак да имат прегласување на Велигден
и Господ да се изнервират
и да фрлит со папуча по нас
да ја извајт од на нога ко шо ќе сејт на фотелја
и ќе не начекат нас на телевизор
дури вртит канали од Спорт Клуб на Спорт Клуб Прајм
па ќе видит шо прајме
забезекнут, ќе му се ококорет очите
сакам да се шокират
да ја извајт на лице место од на нога папучата
и да зафучит нервозно ко на пензионер
да му седниш на омиленото столче во бус
да свикат „јееуу, па дали сте вие тачни
па не ме нервозирајте мајкуму стара
со шпорет ќе ве гаѓам нареден пат,
или со астероид ак не сум во кујна
и ресет да ви напрам
да ве стопам во растот
и после спор со Помпеја спор да имате со името“

Па папучата ко шо ќе паднит на земјава
ЦСИ да ги пратиме
да земет днк отпечатоци
и одма да го лустрираме Дедо Боже
да видиме од шо фамилија е
шо љуѓе му биле по дома
па сеа ак испаднит дека е од другите
не е наш, не е прав
не сме ние криви, така?
така…
па да напрајме огромно тегнало и да се заканиме
дека нареден пат ак речит нешто
враќаме папуча нагоре
кого удрам не жаљам
ние сме сериозни мистер Хесус
и ќе одговориме на секој напад со папучи
со еднаква мерка
па ак не изреагират одма да не спљујат од мавање
пак да си имат прегласување!
и пак ќе се изнервират Господ
и другата папуча ќе ја фрлит
па ќе е бос и ќе настинит
така му требит ко ќе се чепкат со нас
ќе си речиме
јаки сме си ние
и ќе си најме нов Бог
овај стариов е корумпиран.

Овај ќе си шмрчкат грипосан среде април
ќе пијат пилешка супа со лимон и мелен бибер
и ќе си велит „невероватно какви љуѓе иам напраено еј
ах тој Калигула што ракија донесе ме запусти“
па ќе му се скарат на Колозов чисто од принцип
а Александар ќе го претворит во шише глицерин
и ќе го пратит на полица во некој сервис во Гостиварско
дури си мумлат
„абе на овие им тушит лепенката
папа се батињата
аку, така и ми требит
ко ќе прам цел свет за шест дена
сеа требит да му скинам од плата на надзоров
а шо да прам
поубо од плата него ог глата
зш на нареден тендер за праење свет
ако ги видет овие долу од комисијава
ќе ме дисквалификувет
возачка ќе ми земет за возење у пијаном стању
и пак ќе добијат тендер Натемаго
пак ќе си напрајт Луцифер
планета со Печурки шо зборвет
жолта дршка зелен чадор со плави точки
зш знајт дек то ме нервират
и ќе се кикотит ко сељак
ко на концерт Драган Вучич пјева кавере Пинка Флојда
ко Мадона шо се кикотела со Родман
ко Пачино на крајот на Адвокатус Диаболи
ко кафански експерт ко ќе не знајт
шо да кажит и ќе си се закикотит
дури си јаше коња на рингишпилче
да му мине побргу времето“

Ќе го остариме прерано Господ
ќе заборајт да не земат кај него
па пак ќе станиме 200 миљони
и ќе го освојме светов далеку полесно
него сега, сто пати помалку
сто пати појќе работа
за секој од нас.

Дур не му смачиме
и не покријат со тепих
за да не се гледаме ко ќе идет туристи од други светој
и Господ ќе ги шетат околу планета низ небо
па ќе му дојт едно незгодно стално
ко ќе го прашет Енд вот из дис
„кадеее, тукааа?? не знам шо имат,
ништо немат,
така килимче си чуваме на планетава
за декор, убо ни е…
…остајте сеа килим зш имат,
де видите овде какво планинче сум напрајл
на хималаиве“

А под тепих,
Андреј и Владимир
45 години подоцна
се караат
-ти ги умре судииве,
-не, ти ги умре судииве,
-абе ти ги умре судииве и твојот бивш шеф…
-јок, судиите умреа како резултат на лошата владина политика
-…убо бе убо,ај, заедно ги умревме
шо е важно ко сеа немат никој да ни кажит
дали овај круг на гласање беше регуларен
или идемо даље за исте паре?
-А брат, ај бе со ком-па-ни-ја
да се решиме, а?
-А? Хмм… Ај бе, шо,
ионака време за пензија идат…“

Истрел во рајот.
CNN јавува дека
Бог се самоуби.
„Новиот ќе се бира
демократски
на непосредни избори“